Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕСМ во декември купила струја за околу 20 милиони евра

FLICKR

ЕСМ бара да обезбеди електрична енергија за целиот јануари, што значи дека и во 2025 година ќе се трошат милиони за покривање на домашните потреби. Компанијата побарала над 74 илјади мегават часови струја, но засега нема официјални резултати за тоа кои фирми ќе ја продаваат енергијата и по кои цени.

За декември, ЕСМ веќе потрошила околу 20 милиони евра само за купување струја, а компанијата се соочува и со загуби од истата висина, бидејќи продолжува да работи со негативен салдо. Со цел да ги покрие овие потреби, ЕСМ се задолжила кај домашните банки со 80 милиони евра, но каматата на овие средства е повисока од онаа што ќе ја добијат приватните компании преку унгарскиот кредит, за кој електрани немале право да аплицираат.

Проблемите со блоковите во РЕК Битола, кои често излегуваат од мрежата, како и состојбата на хидроелектраните, дополнително ги влошуваат условите. Премиерот Мицкоски, сепак, останува оптимист и верува дека во текот на следната година ЕСМ ќе успее да се извлече од длабокиот финансиски минус.

Зачлени се на нашиот е-билтен