ЕВН- Електродистрибуција инвестира во модернизација и унапредување на дистрибутивната мрежа, а во рамките на овие инвестиции целосно беше реконструирана мрежата и во Арачиново и Сингелиќ . И покрај инвестициите во овие региони граѓаните ја уништуваат опремата и диво се приклучуваат на мрежата што претставува кривично дело, велат во нивното соопштение.
Тие додаваат дека кражбите на електрична енергија во овие населби се над 50%.
-Само во последните шест месеци има над 100 записници за кражби во присуство на МВР. Кај дел од потрошувачите како резултат на овие инвестиции за прв пат се отчитува точно потрошена електрична енергија. Електродистрибуција ги отчитува броилата секој месец, иако согласно Правилата за снабдување, компанијата има законска обврска да отчитува еднаш на три месеци, велат од ЕВН.
Процентот на отчитани броила на месечно ниво се движи околу 85%, а овој процент се зголемува на 95% и тоа во рок од само три месеци.
-Инаку годинава Бројот на барања за корекција на отчитани состојби во периодот декември 2024/јануари 2025 е за 20% помал отколку во периодот декември 2023/јануари 2024. Само 15% од барањата за корекција беа основани и за истите е извршена корекција на фактурите. Како и досега, секој корисник има право да побара корекција на фактура телефонски, преку е-пошта и во приемните канцеларии во Корисничките енерго центри на Електродистрибуција, велат од ЕВН.