Филипче: Добивме најлош извештај во последните 10 години

Филипче

Овој извештај, е практично најлошиот извештај којшто сме го добиле изминатите 10-тина години и сериозно го вклучува алармот за иднината и перспективата на државата.

Ова го истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес конференциија на која се осврна на Извештајот за напредокот на земјава од страна на ЕУ, и на која нагласи дека со оценката дека Македонија не постигнала напредок на европскиот пат, со што е испратена јасна порака каде се движи земјава изминатите годинаипол под власт на ВМРО-ДПМНЕ. 

– Се случи тоа што предупредувавме ВМРО-ДПМНЕ успеа да за една ипол година не стави во групата со Косово со Босна и Херцеговина со Молдавија, со Украина тоа се земји коишто последни го почнаа патот на евроинтеграциите, рече Филипче

Тој додаде дека „чекоревме паралелно со Албанија, а сега Албанија гледаме како со крупни чекори оди напред и какви се предвидувањата“.

– За жал, освен што стагнираме во неколку области имаме и назадување. За жал овој извештај потврди дека државата во целосен застој, реформите се блокирани, институциите се парализирани, а европскиот пат е сведен на празна реторика без никаква реална содржина, оцени претседателот на СДСМ.

Филипче укажа дека ако добро се погледне извештајот пораката од него е јасна не постои напредок во ниту една област и дека дури и таму кај што има технички активности нема никакви резултати.

– Не само што тапкаме место туку се враќаме назад. И ова не е проблем на европската унија ова не значи дека некој нас не спречува нешто да работиме ова е знак за тоа дека владата нема волја нема желба нема капацитет да ја сработи и работата којашто треба да сработи и да го испорачаат тоа што е во интерес и на граѓаните и на државата, оцени Филипче.

Филипче дополни дека овие реформи се од суштинско значење за средување на државата и системот.

– Во бројки ситуацијата изгледа вака само 4 области се оцените како добар напредок а и тие се минорни и не се однесуваат на вистински внатрешни реформи. Во осум области нема никакво поместување вклучувајќи и најкритичните правосудството и фундаменталните права. Она што е најлошо од овој извештај во поглавјето 24 правда слобода и безбедност владата добива единица што значи драстичен пат во споредба со лани, посочи Венко Филипче.

Во економијата ситуацијата е идентична со стагнација или со пад во областа на земјоделството, рече претседателот на СДСМ на прес конференцијата на која се осврна на Извештајот за напредокот на земјава од страна на ЕУ.

Зачлени се на нашиот е-билтен