Г.Г. Стефан не знае кога се одржал првиот АСНОМ, вториот Илинден

Во текстот на Илинденското послание на Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан од 29 јули 2025 година, поглаварот на МПЦ-ОА покажа катастрофално непознавање на историјата на нашата земја.

Во делот на посланието каде што се осврнува на континуитетот на македонската борба за создавање и за независноста на Македонија, г.г. Стефан наведува погрешна година на вториот Илинден, односно на АСНОМ:

И не случајно славните илинденци својата борба за слобода ја започнале на денот посветен на светиот пророк Илија. Тој и тогаш, а и сега, е сведоштво дека без духовната е неможна и националната слобода. Првиот Илинден, од 1903-тата, бил само зачеток, бил семе за вториот Илинден, од 1941-та година, по кој, на дел од Македонија, ние Македонците се здобивме со своја држава. На третиот, пак, Илинден, од 1991-та година, сонцето над Македонија повторно изгреа и таа повторно се појави на светската историска сцена. Македонија стана независна и суверена држава, а Македонците отворено го прифатија предизвикот да го одбранат своето и да му засведочат на целиот свет дека се мудар, достоинствен, човекољубив и богољубив народ!

Скриншот од веб страницата на МПЦ-ОА, Скопска епархија

Да го потсетиме дедо Стефан декас историски, научно и народно е прифатено дека Вториот Илинден бил на 2 август 1944 година, кога во манастирот Свети Прохор Пчињски, се одржало првото заседание на Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ).

На тој ден, според зборовите на Панко Брашнаров, претседавачот на АСНОМ се поставените темелите на остварениет идеалот на сите претходни поколенија – слободна македонска држава

На ова прво заседание на АСНОМ се донесени и овие важни решенија:

– Решението за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија

– Декларација на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија

– Решение на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава

– Решение на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен и државен празник на македонската држава.

Зошто архиепископот Стефан го помести вториот Илинден за три години наназад, знае само тој.

Таа година, 1941, бугарската фашистичка војска влегла во Македонија и тоа никако не може да биде вториот Илинден.

Зачлени се на нашиот е-билтен