Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Галетановски: Скопје се гуши, а градската власт објавува тендер за озвучување на Универзална сала

„Граѓаните на Скопје секојдневно се соочуваат со загаден воздух, недостиг на автобуси, хаос на улиците, а Универзална сала е уништена. Зоолошката градина не може да се дише. Ова е реалноста на нашиот град,“ изјави Ѓорѓи Галетановски, претседател на Градската организација на СДСМ.

Галетановски ја критикуваше неодговорноста на градската власт по повод одлуката да се објави тендер за набавка на техничка опрема, озвучување и осветлување на Универзална сала, вреден речиси 2,5 милиони денари.

„Што прави градската власт и Советот на градот? Ништо. Но затоа се концентрирани на тендери. Ова е апсурдно,“ нагласи Галетановски, истакнувајќи дека ваквото трошење на јавни средства ги револтира граѓаните.

„Дали имате барем малку совест? Се прави ова на сметка на маката на скопјани?“ праша Галетановски, повикувајќи на итно стопирање на тендерот и преоценување на приоритетите. Тој предложи средствата да се пренаменат за вистински потреби, како што се субвенции за инвертери или помош за Зоолошката градина.

СДСМ бара од градската власт да ги прегледа своите приоритети и да ги насочи средствата на скопјани кон решавање на вистинските проблеми на градот.

Зачлени се на нашиот е-билтен