Гаши не слушнал националистичко скандирање на натпреварот Шкендија-Карабах

Фотографија од фејсбук страницата на Африм Гаши
Фотографија од фејсбук страницата на Африм Гаши

Навивачите на Шкендија синоќа во повеќе наврати за време на натпреварот со Карабах на Националната арена скандираа „Илирида“ и „Голема Албанија“.

Тие и покрај сите апели за фер и спортско навивање,  настапија со националистичките извикувања. И овојпат натпреварот на трибините на Арената „Тодор Проевески“ го следеа влaдини фунционери, вицепремиерот Изет Меџити, претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за економија Бесар Дурмиши, но и опозиционерите Али Ахмети и Арбен Таравари.

Претседателот  на Собранието Африм Гаши, кој претходно ги осуди навивачите на Куманово  и повика на единство  на кошаркарскиот натпревар со Романија, сега молчи, односно  кажа дека  бил на натпреварот. но не слушнал такво нешто, а ако се случило – го осудува.

Од друга страна пак тој на својот фејсбук статус  им честита на навивачите кои според него биле достоинствен пример за националните вредности.

Зачлени се на нашиот е-билтен