Од плоштадот граѓаните на Кочани се префрлија пред судот, бараат ослободување на тие кои спасувале луѓе од пожарот
Група на граѓани од плоштадот во Кочани се упати пред Судот, каде што го продолжија нивниот протест, барајќи слобода за приведените членови на обезбедувањето на дискотеката „Пулс“.

Како што изјавија граѓаните, тие бараат слобода за, како што велат, хероите кои спасувале деца од пожарот кој ја зафати дискотеката „Пулс“, каде што 59 лица го загубија животот.
Граѓаните со транспаренти „Слобода за нашите херои“ и „Херои со лавовски срца“ бараат нивно ослободување.
Како што кажуваат граѓаните, станува збор за фирма за обезбедување која правела патрола врз повеќе угостителски објекти низ Кочани, а при пожарот во дискотеката „Пулс“ тие поминувале на редовна патрола, па почнале да им помагаат на жртвите кога забележале дека гори дискотеката.

Претходно граѓаните револтирано порачаа дека мора со име и презиме да се најдат одговорните во системот и тие да одговараат, за да може да има вистински промени, а не вината да се префрла на обезбедувањето и човекот кој продавал карти.