Илјадници граѓани на Кочани вечерва повторно излегоа на плоштадот во градот, барајќи правда за загинатите и повредените во трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“.
Граѓаните истакнуваат дека мора да има одговорност за трагедијата што се случи, со име и презиме и истакнуваат дека без тоа не може да има промени во системот, како ни враќање на довербата на граѓаните.

Тие исто така порачаа дека МВР не треба да ги заплашува граѓаните на Кочани со, како што велат, измислени кривични дела и пријави, бидејќи на протест искажале гнев поради тоа што 59 млади лица го загубија животот.