И покрај дождот над 10 илјади граѓани вечерва излегоа на улиците на Скопје барајќи транспарентна истрага и одговорност за трагедијата која минатата недела се случи во Кочани, каде што животот го загубија 59 млади луѓе.
Протестниот марш започна на плоштадот „Македонија“ каде што граѓаните изразија сочувство за загинатите со триминутен молк, по што се упатија пред зградата на Собранието и Градската болница.

Пред Градската болница беше изразена поддршка за лекарите кои изминатава недела за борат за опоравување на повредените од пожарот по што протестот продолжи пред зградата на Владата.
Граѓаните на протестот носеа транспаренти со кои ја осудуваа корупцијата и бараа одговорност за загубените животи.
