На 4 јануари 2025 година, во 9:30 часот, во Полициската станица Велес, У.К. (54) од село Горно Оризари пријавил дека неговиот братучед М.Г. (77) од истото село исчезнал. Според пријавата, претходниот ден, околу 22:00 часот, добил повик од пријателот В.С., кој поседува шлеп-служба. М.Г. го контактирал и му соопштил дека неговото возило „Спарк“ со велешки регистарски ознаки излетало од патот на регионалниот пат Штип–Радовиш.
В.С. и пријавителот, заедно со неколку лица, веднаш започнале потрага по патот, но не успеале да го пронајдат.
Следниот ден, на 4 јануари, во 12:00 часот, по пријава од Т.М. во СВР Штип, било известено дека негов вработен забележал мртво тело на коловозот во кругот на ТИРЗ-Штип. Увидна екипа од ПС за БПС Штип, ОКТУПА при СВР Штип и Итната медицинска помош веднаш излегле на терен и потврдиле дека станува збор за исчезнатиот М.Г.
По насока и овластување од надлежниот јавен обвинител при ОЈО Штип, извршен е увид, а телото е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.