Во писмената изјава до мемдиумите, која што ја придружува декларацијата од Самитот ЕУ-Западен Балкан, претседателот на Европскиот совет Антониот Кошта недвосмислено истакна: Властите во Македонија знаат што треба да направат.
„Во однос на Северна Македонија, ги поздравуваме чекорите за зајакнување на регионалната поврзаност. И се надеваме на вистински напредок во 2026 година. Нивните власти знаат што треба да направат“, се вели во делот на изјавата на Кошта за нашата земја.
Во останатиот дел од изјавата се афирмираат познатите ставови дека ЕУ цврсто ја поддржува иднината на Западен Балкан во Европската Унија.
Кошта нагласува дека проширувањето останува централно за нашите заеднички цели. Тоа е вистинскиот избор од три причини:
– Прво, од геополитичка перспектива. Проширената Европска Унија значи побезбедна, посилна и помирна Европа;
– Второ, затоа што проширувањето го зајакнува нашиот заеднички просперитет. Секое претходно проширување го докажа оваи трето:
– Трето, Европската Унија останува привлечен и кредибилен проект – и ние мора да ги исполниме очекувањата што ги создава. Проширувањето сега се движи побрзо отколку во последните 15 години. И ние мора да ја искористиме оваа можност.
Според претседателот на Европскиот совет, проширувањето е процес базиран на заслуги, а не трка или натпревар меѓу кандидатите. Оние што се движат побрзо не треба да бидат попречени од другите. Напротив, тие треба да го одредат темпото и да послужат како инспирација за сите.