Институтот за медиуми и аналитика ИМА, Центар Јадро Скопје и ЗГ Есперанца – Светски културен центар објавуваат повик за учество на еднодневна бесплатна обука за антидискриминација и говор на омраза. Обуката ќе ја водат двајца искусни обучувачи со долгогодишно искуство во областа на човековите права, медиумите и комуникациите.
Што ќе добиете:
Знаења за тоа како да ги препознаете и адресирате дискриминаторските практики и говорот на омраза во јавниот простор.
Алатки и стратегии за градење пораки и кампањи кои промовираат инклузија, солидарност и почитување на различностите.
Вмрежување и размена на искуства со млади луѓе од различни заедници и активистички иницијативи.
Кого бараме:
- Млади луѓе заинтересирани за човекови права, активизам и општествени промени.
- Активисти и членови на младински или граѓански организации.
- Претставници на помали и маргинализирани заедници кои сакаат да го зајакнат својот глас и видливост.
Важни датуми:
Рок за пријавување: 15 октомври 2025 година
Обука: 29 октомври 2025 година @ КСП Центар Јадро, Скопје
Не ја пропуштај оваа можност да добиеш практично знаење и да станеш дел од заедничката борба за општество без дискриминација и омраза.
Кликни на овој линк – Аплицирај сега!