Кои производи поскапеа најмногу за една година

Во декември 2024 година, споредено со истиот месец од 2023 година, најзначителен раст на цените е забележан кај зеленчукот со 12,7 проценти, а кај минералната вода, безалкохолните пијалаци и соковите, зголемувањето изнесува 15,8 проценти.

Раст на цените е регистриран и кај:

  • Минерална вода, сокови, безалкохолни пијалаци: +15,8%
  • Зеленчук: +12,7%
  • Кафе, чај, какао: +11,5%
  • Масло и масти: +11,7%
  • Млеко, сирење, јајца: +7,5%
  • Месо: +4,0%

Овие податоци се дел од извештајот на Државниот завод за статистика за декември 2024 година. Годишната инфлација изнесува 4,4 проценти, додека просечната инфлација на годишно ниво е 3,5 проценти.

Зачлени се на нашиот е-билтен