„Не постои друг клуч, ниту формула за народ во благосостојба, за општество на задоволни граѓани и за независна, силна и прогресивна јавност, освен демократијата“, напиша на социјалните мрежи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата.
Во објавата министерката истакнува дека „оваа година во фокусот на вниманието по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата, се младите, следната генерација, како чувари, промотори и храбри луѓе кои ќе ги шират границите на демократијата како најголема вредност и како право на секој поединец според Универзалната декларација за човековите права“.
„Да ѝ дадеме сила на новата генерација! Да ги слушнеме и разбереме нивниот глас и нивните пораки. Да ги поддржиме со континуирани и растечки инвестиции во културата, во образованието и во општеството на можности. Да ја зајакнеме заштитита на човековите права и потојано да ја унапредуваме родовата еднаквост. Да ја прифатиме обврската за поголемо и посеопфатно учество на на младите во процесите на донесување одлуки на секое ниво“, нагласува министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
„Меѓународниот ден на демократијата повикува на генерациско обединување – заеднички да градиме поправеден свет за сите“, напиша на социјалните мрежи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата.