Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: Денес стана кристално јасно кој е за просперитетна држава, а кој сака да ја блокира европската иднина

„Денес во Собранието стана кристално јасно кој навистина сака Северна Македонија да стане просперитетна држава, земја членка на ЕУ, а кој сака да ја блокира европската иднина на државата“, рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.

Тој додаде дека се потврди дека Владата и сите политички партии и чинители од проевропскиот фронт ѝ мислат добро на државата, граѓаните и се за интеграција на државата во ЕУ, како што беа и за НАТО.

„Денес повторно се потврди дека единствената идеологија на ВМРО-ДПМНЕ е блокада и изолација и тоа проеврпски ориентираните граѓани нема да го заборават и простат. Ова блокирање кое тие долго го заговараат нема причина да се случи“, нагласи Ковачевски.

Премиерот додаде едка ВМРО-ДПМНЕ нема никакви аргументи, дека нема идеја за дискусија и поради тоа не води дебата.

„Со огромна леснотија тие покажуваат дека се подготвени да ја блокираат европската иднина само за лични цели, а против подобар и попросперитетн живот за граѓаните и остварување на стратешката цел – членство во ЕУ“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека јасно е оти целта на ВМРО-ДПМНЕ не е да испреговараат нов договор, туку да блокираат за да си ги спасат соптвените политички кариери.

Ковачевски истакна дека ќе продолжат да работат на врвните национални и државни интереси за да се обезбеди мнозинство со кое ќе се продолжи европскиот пат на државата затоа што граѓаните сакаат и заслужуваат да живеат во ЕУ во Северна Македонија, земја-членка, а не да живеат со туѓи пасоши во туѓи држави.

„Затоа нема веќе простор за манипулација од страна на ВМРО-ДПМНЕ, јасно е како ден дека граѓаните сакаат да живеат во ЕУ. Сите истражувања покажуваат дека над 80 отсто од граѓаните на државата, без разлика на нивната припадност, сакаат да живеат во ЕУ. Сакаат подобар животен стандард, владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри економски услови, социјална правда и врвна демократија“, потенцираше Ковачевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен