Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски-Фон дер Лаjен: Силна натамошна поддршка од Европската Комисија за членството на Северна Македонија во ЕУ 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лaјен, во Братислава, каде учествуваат на Глобалниот безбедносен Форум на ГЛОБСЕК 2023. 

На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Премиерот Ковачевски ја потенцираше заложбата на Владата за исполнување на реформите во клучните поглавја од пристапниот процес во ЕУ. Притоа, Ковачевски се заблагодари за поддршката од Европската Комисија и партнерскиот однос во секоја фаза од процесот.

Ковачевски доби уверување од Фон дер Лајен, дека ЕУ останува да биде пријател и партнер на Северна Македонија и дава силна поддршка на постигнувањето политички консензус за уставните измени, во корист на земјата и регионот. 

Во таа насока, беше изразено очекување дека сиѕе политички чинители во земјата ќе ја препознаат важноста на моментот за иднината на земјата и ќе делуваат во корист на европската интеграција на Северна Македонија.

Двајцата соговорници ја потврдија посветеноста и ангажманот на Европската Унија за интеграција на земјите од Западен Балкан, истакнувајќи дека со тоа позитивно се влијае врз политички процеси и реформската агенда, стабилноста, безбедноста и економскиот просперитет на нашите општества.

Зачлени се на нашиот е-билтен