Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лукаревска: Сите што ѝ мислат добро на државата да ги поддржат уставните измени, немаме друга перспектива освен европската

– Сите што ѝ мислат добро на државата треба да ја дадат поддршката за уставните измени, немаме друга перспектива освен европската, истакна Сања Лукаревска, во својство на заменик претседател на СДСМ, во интервјуто за Рацин.мк дали е оптимист дека ќе бидат донесени уставните измени за да влезат во нова фаза преговорите со ЕУ.

– Јас во сите наврати досега кога зборувавме за овој европски пат сум голем оптимист. Тоа е стратешка, државотворна цел којашто мора да ја оствариме. Ние сме општество коешто многу долго беше во чекална и сега веќе ја имаме таа шанса, ги спроведуваме сите процеси што се неопходни и сметам дека сите пратеници треба да шанса на овој вистински процес. Ние немаме друга опција освен европската перспектива и мислам дека прогресивните сили, оние кои што ѝ мислат добро на државата треба да ја дадат поддршката за уставните измени, рече Лукаревска, и додаде дека доколку тоа не се случи ние повторно ќе се вратиме назад.

– Јас не сакам ни да помислам дека нема да успее оваа приказна. Во неа треба да сме сите заедно, да ги надминеме сите пречки заедно и да бидеме ветер во грб еден на друг во рамките на политичкото функционирање, нагласи заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во интервјуто за Рацин.мк. 

Интервјуто со директорката на УЈП Сања Лукаревска во целост можете да фо видите на овој линк.

Зачлени се на нашиот е-билтен