Ракометната репрезентација на Македонија со 37:32 беше поразена од селекцијата на Холандија во второто коло од прелиминарната фаза на Светското ракометно првенство.
Иако добро почнаа, македонските ракометари го изгубија чекорот со Холанѓаните по серијата на прекини и исклучувања кои го одбележаа натпреварот. Македонија до крајот на натпреварот имаше два црвени картони, наспроти еден за репрезентацијата на Холандија.
Најдобар во репрезентацијата на Македониај и вечерва беше Филип Кузмановски кој постигна девет погодоци, додека Тен Велде од Холандија постигна 11 голови.
По овој натпревар, Холандија е прва на табелата со четири поени и сигурен пласман во главната рунда, додека Македонија останува на еден освоен поен, по нерешениот резутлат со Унгарија во првото коло.
Последното, трето, коло од прелиминарната фаза, Македонија го игра против Гвинеја во недела, кога треба да го заври пласманот во главната рунда против аутсајдерот.