Македонската фудбалска репрезентација го совлада на гости Казахстан со 0:1 (0:1) во дуел од квалификациите за пласман на Свесткото првенство во 2026 година.
Стрелец на единствениот гол беше Александар Трајковски во 33-тата минута од мечот.
По 4 одиграни меча, „жолто-црвените“ се на првото место на табелата со 8 бодови, па следи Велс со 7 и натпревар помалку. На Мундијалот патува првопласираната екипа, додека втората игра бараж.
Македонската фудбалска репрезентација создаде можност да учествува на Мундијалот 2026. Со победата на македонската фудбалска репрезентација против Казахстан вчера во Астана Арена силно се доближи барем до бараж кој може да и овозможи пат до САД, Канада и Мексико каде што в година ќе се одржи Светското првенство.