Марини: ВИ е тука за да остане, потребна е долгорочна стратегија за максимална придобивка

Марини

Пјетро Марини, шеф на одделот за иновации во Deltatre – компанија лидер во спортските и медиумските технологии, ќе биде говорник на конференцијата МАСИТ 2.0 RECODE.

Марини ќе биде говорник на темата „Inside the AI Playbook: Innovation Transforming Sports, Media, and User Experiences“ и тоа како како најновите AI технологии создаваат нови можности, трансформираат кориснички искуства и ги менуваат правилата на играта во спортот и медиумите.

Во ова интервју за Рацин.мк, пред неговиот престој во Скопје, говори за најновите трендови во спортот, медиумите и технолигијата од аспект на вештачката интелигенција како алатка за трансформација на корисничкото искуство.

Вие сте шеф на одделот R&D (Ресурси и развој) во компанија што се наоѓа на раскрсницата меѓу спортот, медиумите и технологијата. Кои нови иновации, според вас, ќе имаат најголемо влијание врз трансформацијата на корисничкото искуство на фановите во следните 3–5 години?

Верувам дека најголемата причина за поместувања во нашата индустрија ќе биде хипер-персонализацијата. Не зборуваме само за предлагање на “правилна содржина” за одреден корисник, туку за вистинско користење на достапните податоци за креирање уникатна содржина прилагодена на преференциите и навиките на потрошувачката на секој поединечен корисник. Ова, заедно со преминот од универзални решенија кон динамички интерфејси што се адаптираат во реално време за секој фан, ќе ги зацврсти односите меѓу брендовите и фановите.

Примери за тоа како ова може да се реализира (некои веќе постојат, други ќе бараат време):

  • Персонализирани live game интерфејси (статистики, POV, overlays)
  • Персонализирани реклами/мерч/обложување (CTA)
  • Персонализирани data/video канали за специфична индивидуална употреба

Ова исто така ќе биде значително олеснето со автоматизацијата и децентрализацијата на продукцијата на содржина, што овозможува создавање огромен обем разновидна содржина по значително пониска цена.

Генерално, очекувам фановите многу повеќе да се навикнат на содржина што е „AI-поддржана/AI-креирана“ и да ја прифатат како дополнителен слој на содржина што оди покрај „премиум“ традиционалната продукција.

Вештачката интелигенција денес влијае на сè — од продукција на содржина до персонализирано фан-ангажирање. Како ја балансирате креативната слобода на раскажување приказни со персонализација базирана на податоци? Каде е вистинската граница меѓу човекот и алгоритмот?

Не го гледам ова како компромис, туку како партнерство меѓу наративот и интелигенцијата: човековата креативност ја дефинира приказната, а AI дава увид за да ја поддржи и го обликува нејзиниот начин на испорака. Тоналитетот, уредничките насоки и емоционалната линија ги дефинира човек, а AI помага таа истата приказна да се адаптира за различни фанови — како да ги подесувате параметрите за да постигнете оптимално искуство за сите корисници/сегменти: должина, формат, јазик, културен контекст, техничка длабочина, омилен тим/играч…

AI не треба да одлучи која е приказната, туку како да се достави и како да биде засилена со податоци. Луѓето се одговорни за дефинирање на рамките (уредувачки принципи, бренд-тон, правила за различност и фер-пристап) во кои AI функционира.

Кога ова е правилно спроведено, се добиваат обем и персонализација без да се загуби суштината на раскажувањето.

Deltatre работи со некои од најголемите спортски организации и медиумски брендови во светот. Со кои најголеми предизвици се соочуваат овие организации додека се обидуваат да го еволуираат искуството на фановите?

Спортските и медиумските брендови ширум целиот сектор чувствуваат дека бизнис моделот кој долго време ги одржуваше традиционалните медиуми — а со тоа и спортските организации — стабилни и добро платени, почнува да се разнишува. Се доведува под знак прашање дали целиот екосистем е одржлив.

Првпат во историјата гледаме дека вредноста на медиумските права за најголем дел спортски лиги опаѓа во споредба со претходните циклуси (во одредени случаи принудувајќи ги организациите на смели, дури деструктивни одлуки како премин кон direct-to-consumer модели на домашните пазари). Медиумските компании секојдневно известуваат за потешкотии и пад на профитабилност.

Ова е последица на повеќе фактори:

  • радикална промена во навиките на гледачите, каде долготрајниот принцип „live is king“ сега е под знак прашање
  • невидена конкурентска пресија благодарение на консолидацијата на “native streamers” (FAANG)
  • фрагментација на медиумските права, што ја зголемува фрустрацијата кај гледачите
  • преголем обем на содржина, додека времето на корисникот за конзумација е релативно стабилно

Последниот фактор е оној на кој брендовите најмногу треба да работат за да ја зголемат својата пазарна релевантност. Мора жестоко да се борат за вниманието на фановите, а кога ќе го освојат — мора да успеат да го конвертираат во трансакции: билети, мерч, претплати…

Сето тоа зависи од квалитетот на содржината што ја создаваат и нивната способност да ја дистрибуираат таа содржина на најефективниот начин и најрелевантни канали.

Можете ли да споделите практичен пример каде AI веќе го подобри фан-ангажманот или оперативната ефикасност во спортскиот и забавниот екосистем? Нешто што реално покажува како иновацијата се претвора во импакт?

Гледаме многу иновативни имплементации во индустријата. Да споменам неколку:

Фан-ангажман:

  • системи за препорака на содржина кои се грижат гледачите да добиваат релевантна содржина, што резултира со повисока конзумација
  • автоматизирано генерирање highlights што овозможува побрза дистрибуција на кратка содржина, персонализација и подобра локализација

Оперативна ефикасност:

  • автоматизиран превод на статии за поголем reach и интернационализација без потреба за зголемување на тимовите
  • data-to-text системи за генерирање содржина во реално време додека пристигнуваат податоците, што овозможува значително повеќе содржина по многу пониска цена

Како што технологијата еволуира, еволуираат и очекувањата на фановите. Кој совет би им го дале на организациите што сакаат да останат да останат чекор пред дигиталните трендови и да не бидат само нивни следбеници?

AI е главната тема денес — но нема да биде привремен тренд што ќе исчезне. Веќе е интегрален дел од нашите животи, на сите нивоа. Изградете долгорочна стратегија придружена со култура на учење, наместо само краткорочни функционалности што го полнат технолошкиот roadmap — особено околу потребата од чисти, висококвалитетни податоци кои се темел на сè што следи.

Најважното што ги разликува организациите не се само алатките или функционалностите, туку менталитетот: организациите што се пред останатите се оние што постојано експериментираат, јасно го мерат импактот, го третираат неуспехот како дел од процесот и го индустријализираат она што функционира.

Кога ја креирате стратегијата — размислувајте широко, но имплементација започнете со мали, контролирани пилот-проекти и проширувајте само она што навистина носи вредност. Фокусирањето исклучиво на ROI може да изгледа кратковидо и често е тешко за изведба, но тоа е единствениот начин да се задржи одржлив процес и да се избегне “innovation theater” што предизвикува фрустрација и разочарување кај лидерите во организацијата.

На крај, соработувајте со партнери кои имаат докажано искуство во големи проекти. Оваа индустрија е уникатна: live, глобална, под висок притисок и бескомпромисна кога нешто ќе тргне наопаку. Успешно испорачување иновативни и модуларни функционалности и вградување AI во продукциски околини безбедно и без пречки бара партнерство со сигурни компании кои ги разбираат комплексностите на live инфраструктурата. Технологијата се менува брзо, но победниците ќе бидат организациите што ќе изградат внатрешна способност да се адаптираат повторно и повторно — не само еднаш.

Зачлени се на нашиот е-билтен