Мицкоски го минира предлогот на Милошоски за заедничка македонско-бугарска резолуција

Премиерот Мицкоски го минира предлогот на Милошоски за заедничка македонско-бугарска резолуција. Во изјава за новинатрите Мицкоски рече дека заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент, во која ќе се потврди посебноста на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, би било пример двете држави да покажат што значи добри соседи и меѓусебна поддршка, но веднаш потоа додаде дека во знак ба добра волја очекува бугарската држава да ги примени пресудите од Стразбур, кои се однесуваат на човековите права што им се ускратени на Македонците во Бугарија. 

-Затоа јас реков – во ред, ако е само тој услов, еве, пред да дојдеме до тој услов да го исполниме, заеднички, преку бугарските европратеници да предложиме резолуција со којашто заедно, како соседи, ќе го потврдиме македонскиот посебен идентитет, македонскиот посебен јазик. А потоа, во знак на добра волја, бугарската држава да ги примени пресудите од Стразбур, кои се однесуваат на човековите права што им се ускратени на Македонците во Бугарија, да ја регистрира конечно „ОМО Илинден Пирин’, за да може „ОМО Илинден Пирин“ да предложи свој претставник во Министерскиот совет за заштита на малцинските права во Бугарија. Еве, заедно ова да го направиме, како добри соседи. Ние нашата обврска, тие нивната обврска, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Тетово.

Мицкоски многу добро знае дека тоа е неприфатливо за бугарската страна со тоа практично ја минира иницијативата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски кој предложи Северна Македонија и Бугарија во Европскиот парламент да донесат заедничка резолуција со која ќе се потврди посебноста на македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

Инаку, како реакција на иницијативата на Милошоски, реагираше научната јавност во Македонија. Академик Катица Ќулавкова и проф. Елка Јачева‑Улчар предупредија дека предлогот на Антонио Милошоски за „заедничка резолуција“ со Софија е „руски рулет“ и „скриена стапица“, затоа што Преспанскиот договор веќе го заковал терминот „македонски“ во ООН и ЕУ.

Мицкоски вчера не одговори дали од официјална Софија има одговор на неговиот предлог за заедничка резолуција, но посочи дека тоа што го предложил е „одговор на темата што ја отворил бугарскиот претседател  Румен Радев“ и неговата изјава дека единствен услов бил само промена на Уставот и вклучување на македонски граѓани кои се изјаснуваат како припадници на бугарската заедница.

Зачлени се на нашиот е-билтен