Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски: Ковачевски предложи широка Влада со пет ресори за ВМРО-ДПМНЕ, јас му одговорив без учество на ДУИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по лидерската средба, рече дека премиерот Димитар Ковачевски му понудил да влезат во Владата, а цената е да се плати со поддршка за уставните измени. Ковачевски ги поставил условите, а Мицкоски веднаш дал одговор на понудата.

„Разговаравме за предлозите што ги даде Ковачевски, од кои би издвоил еден: тој предложи во рамките на парламентот да почне и се отвори дискусија, да се изгласа потребата со 2/3 за промена на Уставот, а потоа да биде формирана влада, во која од десетте ресори што ги менаџира СДСМ, пет да ѝ бидат дадени на ВМРО-ДПМНЕ, да бидат завршени уставните измени, да почне процесот на преговори за кои пред една година нè убедуваа дека е почнат, а потоа да бидат затворени поглавјата 1, 2, 3, во зависност од брзината, а таа влада да оди на парламентарни избори. На оваа понуда беше даден одговор: во ред, ја разбирам понудата и за неа го имам следниот став: ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да влезе во Владата со СДСМ, но без учество на ДУИ во таа Влада“, рече Мицкоски на прес конферемцијата после средбата.

Тој потоа во детали го објасни претходниот став.

„ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да учествува во истата, но избори организира техничка Влада, а уставните измени да важат од денот кога ќе отпочне ратификацијата на пристапниот протокол на Македонија во рамките на ЕУ од парламентите на 27 земји членки. Тоа тој го протоколува како кршење на преговачката рамка. Јас потоа му понудив да одиме на предвремени парламентарни избори на есен, формирање на влада со широко национално единствено каде нема да биде дел ДУИ и бидејќи ниту една земја членка нема против со македонскиот многувековен идентиет, традиција, култура, обичаи, македонскиот јазик, тогаш јас сум подготвен да разговарам со европски премиери, за да изгласаат потврда гаранција за ова што го збориме, па да видиме дали е тоа навистина така како што велат дека е, а со оглед дека и Бугарија има избрана Влада. И да дојдеме да кажеме дека Европа застанува зад многувековниот идентитет“, кажа Мицкоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново