Техничката влада треба замине во минатото, но ако СДСМ мислат д е потребна за следните избори, во ред,
прифаќаме.
Ова го изјави премиерот и претседател на СДСМ Христијан Мицкоски во обраќањето до медиумите после лидерската средба што заврши по 3,5 часа.
„Сите денеска присутни се согласивме. Имаше сугестија од еден од присутните да се направи
консултација со меѓународната заедница. Но, генерално сите се согласивме дека техничката
влада треба да замине во минатото. Мислам дека треба да покажеме одговорност дека сами
можеме да носиме зрели одлуки. За мене ова е зрела одлука. Сепак не е мој личен карактер, ниту
начин на размислувања тоа да не биде консензуално во рамките на пратеничките групи одлука
којашто ќе се донесе. Денеска видовте дека една коалиција отсуствуваше. Доколку таа коалиција
не го прифати ова носење на измени во Законот за Влада со што би се избришала техничката за да излеземе од ќорсокак, ние го прифаќаме и тој компромис. Ако СДСМ мислат дека е
потребно за следните избори да има техничка влада, во ред. Но кој и да победи на следните
избори, да нема повеќе техничка влада“, истакна Мицкоски.
Премиерот нагласи дека сите присутни лидери се согласиле дека овој модел е преживеан, иако имало сугестија за дополнителна консултација со меѓународната заедница.
„Треба да покажеме зрелост и сами да носиме одлуки“, заклучи тој.
Мицкоски рече декана лидерската средба не се отворила темата за предвремени парламентарни избори.