МВР мора веднаш да реагира! – Герасимовски повикува на итна акција поради нов вандализам од малолетници во Капиштец

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, алармира за повторен вандализам во населбата Капиштец и побара итна реакција од Министерството за внатрешни работи.

„ МВР мора веднаш да реагира! Повторно сведочиме на вандалско однесување – група малолетници кршат шишиња, фрлаат петарди и се тепаат. Ова веќе не се изолирани случаи. Поднесуваме пријава и бараме темелна истрага,“ изјави Герасимовски преку социјалните мрежи.

Жителите на Капиштец велат дека ваквите инциденти честопати го нарушуваат јавниот ред и безбедноста, претворајќи ја населбата во небезбедно место за живеење.

Општина Центар најави дека ќе поднесе пријава до надлежните органи, а од МВР се очекува брза и одлучна акција за решавање на проблемот и обезбедување на ред и мир во населбата.

Зачлени се на нашиот е-билтен