Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нема крај на владиниот пи-ар: Дали е возможно со ограничени цени на 10 отсто, храната да поевтини за 20 проценти?

Владата продолжува со тврдењата дека има намалување на цените на основните прехранбени продукти, иако граѓаните плаќаат поскапо. Според заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, новогодишната кошничка донела намалување на цените за најмалку 10 отсто за повеќе од 1.100 производи во првите денови од примената на мерката, а за некои повеќе и од 20 проценти. Но, како што посочува, иако во кошничката се додадени нови производи и цените на некои од нив се намалени, истовремено има и покачување на цените на други основни производи кои не биле вклучени во оваа акција.

Претходно, соопштено беше дека цените на производите од новогодишната кошничка се намалени за 10 отсто, а сега пак додаваат дека кај некои новодадени производи се забележува намалување од 10 до 20 отсто. Тоа го потврди и министерот за економија Бесар Дурмиши кој пак додаде дека имало намалување на цените и до 25 проценти. Дали е возможна оваа математика и оптимистички податоци сепак најголемата потврда ја даваат граѓаните кои се соочуваат со покачувања на цените на други, основни прехранбени производи кои не биле вклучени во новогодишната кошничка.

Ристески, исто така, нагласи дека сите маркети што се вклучени во оваа акција мора до крајот на денот да ги додадат и останатите основни производи, а ако тоа не се случи, Владата ќе донесе непопуларни мерки за заштита на стандардот на граѓаните. И додека пазарната инспекција врши постојан мониторинг, експертите сметаат дека мерката нема доволен ефект, бидејќи за голем дел од населението се уште цените на основните прехранбени производи остануваат високи.

Сепак, Владата продолжува да ги оправдува овие мерки, надевајќи се дека со новогодишната кошничка ќе се постигне стабилизација на цените, а статистиките ќе покажат корист за просечното македонско семејство.

Зачлени се на нашиот е-билтен