„По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство

Новинарите на „360 степени“ Александар Димитриевски и Михаил Милошевски, денеска ја добија првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство 2025 година за сторијата „По трагите на „Јулија“. Втора наградена сторија е „Украдени животи“ на новинарите Александра Денковска, Сашка Цветковска, Бојан Стојановски, Александар Јанев, Трифун Ситниковски, Давид Илиевски од ИРЛ. Добитници на третата награда се новинарите на емисијата „Код“ Срѓан Стојанчов и Снежана Лупевска-Созен за сторијата „Досие Крмзов – епски криминал или обид да му се одземе бизнисот“.

На конкурсот за оваа награда биле пријавени над 200 стории од 120 медиуми од кои 21 биле за криминал и корупција, а останатите биле теми од општествено значење. Наградниот фонд изнесува 10 000 евра – 5 000 евра за прво место, 3 000 евра за второ и 2 000 евра за трето место.

Во состав на жирито кое ја доделуваше наградата беа Соња Колевска-Делевска (новинарка), Огнен Зориќ (новинар) и Валентин Нешовски (експерт за медиуми и комуникации).

Евроамбасадорот во земјава Михаил Рокас на доделувањето на наградите истакна дека ова е извонредна работа на медиумите и новинарите во време на слободен пад на вредностите и поддршката на слободата за која борбата трае со децении.

– Се подразбира дека ваков тип на настани се многу важни бидејќи ги препознава храброста на новинарите кои го штитат јавниот интерес. Многу важно е кога во време на ботови и лажни информации се работи на сториите на кои сведочиме. Не е лесно да се заштити вистината. Во Извештајот нагласивме позитивни работи. Меѓу нив, Македонија позитивно чекори кон зајакнување на финансиска независност на медиумите, како и заштитата на новинарите…се на се се, очигледно е дека можно е кога се работи заедно меѓу Владата, медиумите и граѓанскиот сектор – да се постигнат резултати“, вели Роxас.

Нешовски, пак истакна оти вакви награди и истражувачки стории се безусловно потребни во време во кое од сите агли се слуашат полувистини и лажни вести, направени да ефектираат дел од јавноста и то, како што истакна „особено во време на новите технологии кои овозможуваат секој да направи информација која ќе личи на новинарска.

Церемонијата за доделување на Наградата на ЕУ за истражувачко новинарство 2025 за најдобра истражувачка сторија во Северна Македонија за изминатата година беше во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Томсон медија и Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен