Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Почнува зимата, ќе трае 88 дена и 23 часа

Денеска, 21 декември 2024 година, во 12:20 часот, започна астрономската зима на северната хемисфера, што го означува најкраткиот ден и најдолгата ноќ во годината.

Овој феномен е познат како зимска краткоденица и се случува кога Северниот пол е најоддалечен од Сонцето, додека на јужната хемисфера започнува летото.

Зимската краткоденица е значаен астрономски настан кој го означува почетокот на зимата и постепено зголемување на должината на денот. Од денеска, деновите ќе стануваат подолги, а ноќите пократки, сè до летната краткоденица на 21 јуни 2025 година.

Во многу култури, зимската краткоденица се смета за важен момент во годишниот циклус и е поврзана со различни обичаи и прослави. Фестивалите за одбележување на солстициумот често се прослава на светлината и симболично повторно раѓање на Сонцето. Еден од најпознатите споменици поврзани со овој настан е Стоунхенџ во Англија, каде што луѓето се собираат за да го прослават почетокот на зимата.

Зимата ќе трае 88 дена, 23 часа и 50 минути, до 20 март 2025 година, кога на северната хемисфера ќе настапи пролетта, а на јужната есента.

Иако денеска е најкраткиот ден во годината, првиот ден од зимата обично не е најстудениот. Најстудените периоди обично се јавуваат подоцна во сезоната, во јануари или февруари.

Зачлени се на нашиот е-билтен