Полицијата „фати“ 63 пијани возачи за само шест часа

63 возачи кои возеле под дејство на алкохол казнила полицијата во текот на изминатата вечер (16/17.08.2026) во периодот од 23:00 до 05:00 часот.

Акцијата на Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи била спроведена на територијата на целата држава.

„Од нив, по 12 на територијата на СВР Битола и СВР Куманово, по девет на територија на СВР Велес и СВР Охрид, осум на територија на СВР Куманово… Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се четири возачи под дејство на алкохол. 

Лишени од слобода се осум возачи по член 297-а од Кривичниот законик. За време на контролата санкционирани се и 162 други видови на прекршоци. 

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“се наведува во соопштението на МВР.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?