Последен продолжен летен викенд, напревете го да биде за паметење

Пред нас е последниот продолжен летен викенд и се очекува македонските граѓани во голем број да отпатуваа во туристичките дестинации во регионот и во земјата за да ги искористат викенд деновите кои овој пат го вклучуваат и понеделни, 8 септември како неработен ден заради празникот Ден на независноста.

Традиционално и за овој викенд, а беше тренд и ова лето, се очекува најмногу македонски граѓани да отпатуваат во Грција и Албанија.

Некои од граѓаните ќе ги поврзат викедндот и неработниот ден за да го поминат и годишниот одмор на крајот од летото. Овокј период е атрактивен и од економски аспект затоа што цените на аранжманите во Грција и Албанија за овој период се намалени и до 50 отсто

Според туристичките агенции постои интерес за посета и на другите соседни земји Србија и Бугарија причините се поради близината на привлечните планински и бањски спа центи.

Од другите, подалечни дестинации и понатаму најбарани се Турција, Египет, Италија и Тунис кои го вклучуваат таканаречениот „all inclusive“ аранжман, но патувачките тури низ повеќе градови какви што се аранжманите за Италија.

Последниот продолжен летен викенд ќе предизвика и сообраќајна гужва на граничните премини кде што оваа година имаше долги колони заради што се препорачува паметно планирање и подготовка за подолго чекање.

Од домашните туристички дестинации, Охрид и Дојран остануваат напривлечни, како и планинските центри.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре следува период на претежно стабилно време. До недела ќе дува слаб до умерен северен ветер, a од понеделник ветерот ќе го смени правецот во јужен.

Зачлени се на нашиот е-билтен