Постои јасен консензус во Парламентарното собрание а Советот на Европа дека Северна Македонија е функционална демократија со генерално почитување на човековите права, но и дека остануваат сериозни системски слабости, особено во судството, борбата против корупцијата и правата на малцинствата.
Затворањето на пост-мониторинг дијалогот по 25 години, се смета за признание за значителен напредок и консолидирање на демократските институции, не нагласува дека затворањето на пост-мониторингот не значи „крај на контролата“, туку префрлање во редовен периодичен надзор, како и за другите држави.
Сепак, затворањето на пост-мониторинг дијалогот не помина без критики.
Како што се очкеуваше, корупција останува во врвот на критиките. Во дебатата силно одекна фактот дека поранешната претседателка на Државната комисија за спречување корупција е обвинета за измама, што симболично ја подрива довербата во институциите задолжени за интегритет.
Казнените одредби за корупција во Кривичниот законик од 2023 и понатаму се третираат како чекор наназад што мора да се коригира.
Условите во дел од затворите се опишани како доволно лоши за да станат централен индикатор за реално почитување на човековите права, не само на хартија.
Во делот на правата на ЛГБТИ заедницата и родовите идентитети се констатираат нерешените пресуди, како и недостигот од законско уредување за промена на пол и правно признание на истополови партнерства, се посочени како суштински тест за европските стандарди, а не како маргинална тема.
Грчките претставници инсистираа на строго почитување на уставното име, додека дел од другите говорници истакнаа дека земјата доживеала „надворешен притисок“ да го менува името, што ја отвора подлабоката дилема меѓу договорни обврски и доживеано национално достоинство.
Дел од говорниците предупредија дека Северна Македонија не треба да го инструментализира бугарското малцинство за билатерални спорови и да ги следи стандардите за заштита на малцинствата.
Во заклучоците од дебатата Парламентарното собрание на Советот на Европа испраќа предупредувачка порака дека статус не е награда „засекогаш“. Корупцијата, судската независност, условите во затворите, правата на малцинствата (особено Роми, Бугари, ЛГБТИ), медиумските слободи и изборните реформи остануваат критични точки кои ќе се следат преку периодичен надзор.