Правдата ги стигна после 4 години, откриена група која набавиле и пренела 6 килограми кокаин од Холандија

West Midlands Police from West Midlands, United Kingdom, CC BY-SA 2.0 , via Wikimedia Commons
West Midlands Police from West Midlands, United Kingdom, CC BY-SA 2.0 , via Wikimedia Commons

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во склоп на истражна постапка против пет лица за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ врз основа на докази добиени преку Скај комуникацијата,  денеска (16.07.2025) извршија претреси на три локации, при што од слобода е лишен Ф.К. (29) од Скопје.

Во рамки на анализа на податоците добиени од Европол и ОТФ Лимит обезбедени се докази за членови на организирана криминална група кои во текот на 2020 и почетокот на 2021 година во два наврати организирале набавка и пренесување од Холандија на шест килограми наркотична дрога кокаин, кој бил наменет за продажба на пазарот во Македонија.

Во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО ГОКК против пет лица македонски државјани, од кои дел беа опфатени и во претходна истрага и се уште се недостапни на органите на прогон и за нив се распишани меѓународни потерници.

Зачлени се на нашиот е-билтен