Топло утро е регистрирано во повеќе делови од Македонија, а највисока температура во 8 часот е измерена во Гевгелија – 24 степени.
Во Кавадарци и Струмица утринската температура достигнала 22 степени, додека во Скопје биле измерени 20 степени. Најсвежо било на Попова Шапка со 12 степени, а во Берово биле регистрирани 16 степени.
Во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена облачност. Попладне на одделни места се очекува краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 26 до 34 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со повремена умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне околу 32 степени.
Нестабилноста ќе има локален карактер, па врнежите и грмежите може да зафатат само одделни делови од земјата.
