Протест на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Под мотото „Задоцнета реакција“ денеска во Кочани се одржа вториот протестен марш што го организираа семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Симболично, учесниците на маршот тргнаа од Паркот на Револуцијата во 12 часот и 5 минути, со што го искажаа незадоволството од задоцнетата реакција на надлежните институции, како една од причините за големата трагедија.

Во тишина и молк колоната од неколку стотини граѓани помина во Трговскиот центар кратко задржувајќи се пред кафе барот чиј сопственик ја имаше и дискотеката, а оттаму се упатија пред зградата на Општина Кочани каде се наоѓаат и просториите на Државниот пазарен инспекторат.

Со едноминутен молк пред Полициската станица граѓаните го искажаа незадоволството од ненавременото постапување за да се спречи катастрофата, а потоа пред Основниот суд и Основното јавно обвинителство побараа информации за досегашната истражна постапка.

Зачлени се на нашиот е-билтен