Ставот на Европската Унија е многу јасен. Веќе постои преговарачка рамка која е едногласно усвоена од сите земји-членки на ЕУ. Доколку се исполнат преземените обврски, ЕУ е подготвена многу брзо да започне преговори. Ние сме подготвени за ова и не мислам дека треба да чекаме повеќе, туку да го направиме овој клучен чекор за да продолжиме напред.
Ова го изјави амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Михалис Рокас, во интервју за Канал 5.
Рокас додаде дека ЕУ е свесна за разочарувањата на македонските граѓани на патот кон членство, но и дека Брисел останува сигурен партнер за земјата.