Инцидент на ЕМОФ: Шпанска спортистка објави видео од сместувањето

Една од младите шпански спортистки кои учествуваат на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) во Северна Македонија објави видео на социјалната мрежа TikTok, прикажувајќи оштетување во бањата од објектот каде што се сместени дел од учесниците.

На видеото, кое привлече внимание на социјалните мрежи, може да се види падната плоча од спуштениот плафон во бањата, со што е создадена поголема дупка на таванот. Во описот на објавата стои: „Не поминаа ни 72 часа, а веќе падна покривот во бањата“, проследено со коментарот: „Уникатно искуство“.

Не е прецизирано дали видеото е снимено во Скопје или во некој друг град.

Во моментов, илјадници млади спортисти од цела Европа се присутни во Северна Македонија како дел од најголемиот спортски настан од ваков вид што досега се одржал во земјата, според бројот на учесници.

Зачлени се на нашиот е-билтен