ССМ денеска ќе ја блокира Владата: Добар ден за сите освен за премиерот и министрите

ССМ

Денеска во 11 часот синдикалните претставници во име на работниците ќе ја блокираат Владата како дел од втората фаза синдикални активности за зголемување на работничките плати.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов најавувајќи ги утрешните блокади на Владините претставници закажани за 11 часот, изјави дека со блокадата на Владата започнува третиот дел од втората фаза синдикални активности за зголемување на работничките плати со блокада на Владата.

„Ќе бидеме 21 човек и затоа што некој кажа дека ќе ги заокружуваат луѓето што протестираат, дека ќе ги оцрнуваат луѓето што ќе протестираат и дека на таков начин сакаат да упатат порака до секој еден кој смета дека треба да излезе на улица и да даде поддршка на работниците, односно да се поддржи самиот себе во борбата за зголемување на платите, ќе се соочат со последици“, информираше Трендафилов.

Последната од блокадите пред Владата, истакна претседателот на ССМ, е поради тоа што Владата заедно со газдите, не се договорија до 31.12.2025 година за зголемување на минималната плата и за зголемувањето на останатите работнички плати. Владата ги остави работниците на минимална плата да се договараат со газдите за зголемување на минималната плата, а кога синдикатите и работодавачите минатата година се договорија за зголемување на сите плати за најмалку 6.000 денари, и за такво решение Владата да даде сопствен придонес преку ослободување од плаќањето на придонесите за задолжително социјално осигурување, денеска поради самобендисаноста на поединци во Владата, го чини државниот буџет или државната каса најмалку 10 милиони евра месечно или најмалку 120 милиони евра годишно.

„Јас мислам, дека тоа треба да ги загрижи сите, а пред се Министерството за финансии, затоа што работодавачите беа подготвени да ги зголемат платите за најмалку 6.000 денари и побараа одреден временски период да не ги плаќаат придонесите за задолжително социјално осигурување кои беа во висина од 3.000 денари или 50 евра од работник“, укажа Трендафилов.

Блокадата е токму пред Влада, затоа што оваа Влада ги блокира работничките плати долг временски период, за кој период само вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за 9.250,00 денари или едно четиричлено семејство е посиромашно за 9.250,00 денари, рече Трендафилов.

„Нема да се откажеме се додека не ја зголемат минималната плата на 600 евра и не ги зголемат сите останати плати за најмалку 6.000 денари”, потенцираѓе Трендафилов и ги најави следните чекори доколку после утрешната сеница на владата не се прифатат барањата на работниците.

Претседателот на ССМ рече дека сите работници бараат од Сојузот на синдикатите на Македонија да повика и да поведе генерален штрајк онака како што тоа го прават нивните колеги кои ги бранат, излегуваат и ги поддржуваат синдикатите во Грција, Белгија, Франција и во сите други западно-европски држави.

„Одлука за Генералниот штрајк ќе биде донесена за територија на цела држава. Сите работници во приватниот сектор ќе имаат право тој ден да дојдат на работа, а да не ги извршуваат работните задачи. Сите работници ќе имаат право тој ден да ни се придружат на протестот кој ќе го организираме во рамките на генералниот штрајк. Колку повеќе ќе дојдат и се поддржат сами себе работниците, толку повеќе и ќе добијат“, нагласи претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Зачлени се на нашиот е-билтен