Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов на денешната прес конференција ги соопшти деталјите за утрешниот протест на работниците.
Тој рече дека утре членови на органите и телата на ССМ на 2 април во 12.05 часот ќе ја започнат јавната седница која ќе започне пред Работнички дом и потоа преку Собранието и Стопанска комора ќе заврши пред Влада на Северна Македонија
„Пред собрание ќе ја испратиме порака „Не може да има за пратениците, а да нема за работниците“. Пред Стопанската комора ќе им порачаме на работодавачите „Подаденета рака од работникот денес, може да стане стисната тупаница утре“ и пред Владата ќе завршиме со пораката „Не може да се одлучува за работниците, без работниците“, истакна Трендафилов.
Претседателот на ССМ на прес конференцијата нагласи дека „незадолството на работниците доаѓа од фактот дека политиките што го водат креторите на тие политики се во погрешна насока и дека се на штета на работниците. „Не може да не водат грижа за работниците, за оние од кои тие земаат плата. Нападите што ги прават, по две три и повеќе прес конференции, нема да променат ништо. Колку повеќе не напаѓате, толку посилни не правиме“, порача Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов.
На 2 април во 12:05 часот, Сојуз на Синдикати на Македонија (ССМ) излегува на улица, онака како што ветивме пред еден месец, затоа што 12 часот помина тогаш, кога Владата одлучи еднострано да утврдува износ на минимална плата на штета на работниците во Македонија, не прифаќајќи ги нивните предлози за утврдување на висината на износот на минималната плата, рече претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.