ССМ порача пред Владата: Доста ни е лажење, доста ни се празни ветувања, дојдовме по нашите пари што ги заработуваме со крв

ССМ

За 100 гласа, на парламентарни избори, една политичка партија добива 70.000 евра, 4 години до наредни парламентарни избори. За 2025 година, сите политички партии ќе си поделат од 8 до 10 милиони евра. 10 милиони евра наши пари, ваши пари, пари од граѓаните, пари од буџетот.

Ова го истакна претставник на ССМ пред Владата на Северна Македонија, каде што денеска беше последната точка на протестниот марш на синдикатите кои веќе цела година и повеќе опстојуваат на барањата за покачување на минималната плата на 600 евра и за зголемување на останатите плати за 6000 денари.

„Затоа дојдовме денеска за да има кажеме да не нѐ лажат дека буџетот нема пари за покачување на минималната плата. Да не нѐ лажат дека ако се зголеми минималната плата, ќе се зголеми инфлацијата. Ако земеме ние повисоки плати, ќе има пари стопанството, ќе има пари државата, ќе има пари пензискиот фонд, ќе имаат пари пензионерите“, порачаа синдилистите.

„Доста ни е лажење, доста ни се празни ветувања, дојдовме по нашите пари што гио заработуваме со крв. Следниот пат ќе дојдеме побројни и нема да се откажеме сѐ до победа“, беше порачано пред Владата на Северна Македонија.

Зачлени се на нашиот е-билтен