„Западен Балкан денеска е во фокусот на Стејт департментот, а државниот секретар Ентони Блинкен се подготвува за средба со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски“, изјави денеска пред медиумите еден од портпаролите на Стејт департментот, Ведант Пател.
Пател истакна дека Северна Македонија е силен партнер и сојузник во НАТО и поддржувач на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Тој напомена дека Северна Македонија пружила воена, хуманитарна и енергетска инфраструктурна поддршка на Украина, нагласувајќи ги областите во кои постојат силни билатерални односи.
„Ние сме исто така силен поддржувач на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и веруваме дека иднината на Западен Балкан е директно во рамките на Европската Унија“, изјави портпаролот Веднат Пател на денешниот брифинг со новинарите акредитирани во американскиот Стејт Департмент.
Делот од брифингот за Северна Македонија на видеото на Стејт Департмент е од 1:05:32 до 1:06:30