Од болниците во земјава денеска ќе бидат испишани 9 пациенти хоспитализирани од пожарот во Кочани, информираше на денешната прес конференција министерот за здравство, Арбен Таравари.
Advertisements
Како што кажа Таравари, надвор од државата во моментов се лекуваат 108 пациенти, од кои денеска е најавено дека ќе се вратат 8.
„Генерално, сите пациенти се во добра и стабилна состојба, освен 4 пациенти коишто и натаму се критични, но малку се подобри отколку што биле вчера“, рече Таравари.