Таравари: Осум пациенти се очекува да се вратат во земјава, четворица во критична состојба

Четири од пациентите повредени во пожарот во Кочани, кои се лекуваат во странство, се во критична состојба, а осум лица се очекува да се вратат во Македонија оваа недела, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

Според него, денеска треба да бидат испишани 16 пациенти од домашните болници, каде моментално се лекуваат вкупно 46 лица. На Клинички центар се згрижени 26 пациенти, по 10 во ГОБ „8 Септември“ и „Св. Наум Охридски“, а осум во приватни болници. Во странство на лекување се 115 пациенти.

„Се наоѓаме во фаза кога постои ризик од инфекции, што може да доведе до компликации. Колегите даваат сè од себе, а очекуваме барем половина од пациентите да се вратат во рок од две недели“, изјави Таравари.

Зачлени се на нашиот е-билтен