ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, со задоволство објавува дека easyJet, втората по големина авиокомпанија за летови на кратки и средни релации во Франција и со водечка улога во локалното поврзување, воведува нов директен лет од Меѓународниот аеродром Скопје до аеродромот Орли во Париз.
ЕasyJet како нискобуџетната авиокомпанија која нуди патувања низ Европа преку својата широка мрежа на авиолинии, ќе почне да лета од Париз до Скопје и назад на 2 април 2025 година.
На новите директни летови на релација Париз – Скопје – Париз ЕasyJet ќе оперира со два лета неделно, или секоја среда и сабота, со што авиокомпанијата ја задоволува потребата за брзо и достапно поврзување и меѓу францускиот регион и на меѓународно ниво.
„Како ТАВ Аеродроми, аеродромски оператор, со задоволство ја објавуваме оваа атрактивна авиолинија и ново воздушно поврзување меѓу Скопје и Париз. Новата авиолинија, обезбедена благодарение на авиокомпанијата ЕasyJet е значајна пресвртница бидејќи ова е првпат Меѓународниот Аеродром Скопје да се поврзе авионски со директен лет со аеродромот Орли, кој исто така е управуван од Групацијата АДП, чија членка е и ТАВ Аеродроми. Покрај тоа, оваа нова можност за патување дополнително ќе им овозможи на нашите патници да ја искусат услугата на уште една нискобуџетна авиокомпанија, со што ќе им обезбедиме на нашите патници повеќе опции за патување и можности да се поврзат со еден од најживописните градови во Европа, познат како Градоѕ на светлината“. – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Оваа нова авиолинија им дава можност на парижаните лесно да го истражат Скопје, динамичниот град кој нуди фасцинантен спој на култури, историја и модерност. Во исто време, патниците кои го посетуваат Париз, градот на уметноста, културата, модата, шармантните улици и историјата, ќе можат лесно да ги посетат најпрепознатливите знаменитости на Париз како Ајфеловата кула, музејот Лувр и катедралата Нотр Дам.
„Среќен сум што можам да го најавам отворањето на нова меѓународна авиолинија до Скопје, во Македонија, од нашата база Париз-Орли. Минатата година, 3,4 милиони патници избраа да ни веруваат за нивните патувања преку Орли, а со оваа нова дестинација се надеваме дека ќе им овозможиме на илјадници парижани да ја откријат убавината и уникатноста на Балканот, секогаш со одлична вредност за парите“. – изјави Реџиналд Отен, заменик директор на ЕasyJet за Франција.
Сите детали за времето на заминување и пристигнување на оваа нова можност за патување, како и достапноста и резервирањето на авиобилети може да се најдат на веб-страницата на easyJet www.easyJet.com.