Тетовскиот старт-ап кој полека ја освојува Европа

Мирјана Јосифовска е млада дизјанерка на шапки која инспирацијата за своите дела ја пронаоѓа во класична женска убавина. Во последната колекција, еден од моделите беше инспириран токму од поезијата на Петре М. Андреевски и неговата безвременска „Дениција“. Креативноста на Мирјана и нејзиниот пристап во дизајнирањето и изработката на секоја колекција има за цел да минимизира и да создаде колку што е можно помалку отпад и притоа да се создаде продукт што ќе има долг век на траење. Токму незјините “зелени идеји “ и ја донесоа номинацијата за престижната Германска “Green Alley Award“. Нејзината мала компанија се најде меѓу 20- те европски стартапи, во полет на циркуларната економија. Уникатните производи на Мирјана можат да се најдат во URMA Concept Store.

-Како мала сакав многу да се облекувам, особено сакав многу да го истражувам во плакарот на баба ми во кој што имаше многу шапки и така почна мојата љубов кон шапките. Во тинејџерство исто така сакав многу да носам беретки. Кога работев на мојата прва дебитанска колекција која всушност вклучуваше облека, вметнав и шапки во процесот на изработка и дури тогаш сфатив дека изработката на шапки е многу поинтересен процес за мене отколку самата облека. Исто така увидов дека на нашиот пазар не постои нешто такво домашно, па така мислам дека тоа ми беше некој поттик и мотивација за да го почнам првиот бренд тука за шапки – вели Мирјана.

Процесот од идеа и цртеж до изработка на една шапка е долг. Најважната работа во целиот процес објаснува таа, е првично да се научи занаетот а тоа е кроењето и шиењето, по што следува целиот процес.

-Во процесот на изработка на шапки прво започнувам со некоја инспирација која што ја имам, па од тоа вадам скици, цртам обични скици, од скиците вадам технички цртежи кои што се подетални цртежи  кои содржат информации за тоа каде треба да има штеп , каков е составот на материјалот и слично. После тоа од нив се испробува моделот на обичен, генерално муслин материјал, односно памучен материјал за да се види дали моделот би функционирал добро. Помеѓу таа фаза се создаваат шаблоните, од шаблоните се создава првиот прототип. Доколку е се во ред со тој процес, се содава прототип по оригиналниот материјал кој што ќе се користи. И после тоа ако се е во ред и не се потребни некои дополнителни модификации, тој модел се пушта во производство и се создаваат повеќе количини од тоа парче – објаснува Мирјана.

Сите нејзини модели се инспирирани од класична женска убавина. Па така во нејзината колекција се шапки инспирирација се Софија Лорен, Моника Белучи, Линда Евангелиста, Анита Екберг…. Последниот модел од колекцијата е моделот Дениција, инспириран од делото „Дениција“од Петре М. Андреевски.

На прашањето колку е тешко да се изгради бренд во земјава, Мирјана вели: „Од дизајнерски аспект не беше толку тешко, меѓутоа дизајнирањето во целиот процес е можеби само 10 проценти од целата работа. Се разбира тешко беше да се научат аспектите на бизнис, на менаџирање, на финансии. Тоа што мене ми е мило и што го гледам во последниве неколку години, е што имаме дизајнери кои што се трудат да го направат тоа и луѓе кои што навистина имаат желба да создадат бренд не само што ќе се продава тука на нашиов, туку нели и на регионалниот и на европскиот и на светскиот пазар. Така да имаме некои да речам недостатоци во однос на извозот на производите или начинот на плаќање на производи надвор од рамки на земјава. Меѓутоа нели ако има волја за нешто, мислам дека може и да се најде начин како тоа да се среди.“

Она што е карактеристично за Мирјана е тоа што таа создавам дизајнерски производи кои ја почитуваат животната средина и го минимизираат отпадот. Фактот дека доаѓа од Тетово, еден од нај загадените градови во Европа познат по големиот број на диви депонии, го прави нејзиниот пристап кон модата уникатен.

-Важно да се знае е дека модата создава голема количина на отпад. Само во земјава се создаваат над девет илјади тони на отпад на годишно ниво. И најлошиот момент од сето тоа е што тука немаме систем на менаџмент за тој отпад, што значи дека сета таа количина мора да заврши на депонии, кои што најчесто на крајот се запалуваат и сето тоа нели нели го дишеме. Па така пристапот и во самото дизајнирање е да се минимизира текстилниот отпад и во самиот процес на дизајнирање да се создаде колку што е можно помалку отпад, а притоа да се создаде продукт кој што нели ќе има долг век на траење- вели Мирјана.

Токму незјините “зелени идеји “ и ја донесоа номинацијата за престижната Германска награда Green Alley Award. Нејзината мала компанија се најде меѓу 20- те европски стартапи, во полет на циркуларната економија.

-Меѓу последните награди кои што многу ми се мили се наградите „Зелени идеи“ во Црна Гора. Тоа беа награди кои што се одржуваат 12-та година по ред таму. Во однос на „Зелени идеи“, односно „Зелени бизниси“ од Балканов, национален партнер беше „Арно“ и таму бев избрана како една од трите победници во категоријата на веќе развиени бизниси. Тука се и номинацијата за германска награда Green Alley Award, како и наградата на Ventrure Devils Demo Day во рамките на Arizona State Univesity- вели Мирјана.

Наградите за оваа млада дизајнерка се важни затоа што претставуваат поттик за понатамошна работа, но и поради реакциите кои ги добива од студентите и од луѓето кои што се активни во нивниот екосистем за да знае како да го модифицира и да го подобри својот бизнис.

Адријана Георгиев

Преземено од Трн.мк

Треба да знаете
Moже да ве интересира