Тура до Лешница на Шар Планина по повод 100 години планинарскиот клуб Љуботен

Над 250 планинари и рекреативци учествуваа на роденденската тура до месноста Лешница на Шар Планина која ја организираше Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово по повод 100 години од неговото постоење.

Планинарите, кои прво се собраа пред клупските простории, организирано со возила стигнаа до селото Бозовце од каде што тргнаа пеш до месноста Лешница.

  • Од Бозовце тргнавме во 8 часот и поминавме планинска патека од шест километри во еден правец. По пристигнување на Лешница и краток одмор се упативме кон природните кади со вода на Кривошијска Река. Од 14 часот почна враќањето кон Бозовце. На роденденската планинарска тура учествуваа над 250 планинари, информираше Јован Божиноски, претседател на ПК Љуботен.

Оваа година роденденската тура беше и од хуманитарен карактер. Секој поединец по сопствена волја можеше да купи беџ со логото „100 години ПК Љуботен“ по цена од 100 денари или повеќе, а собраните средства ќе се донираат за семејствата погодени од трагедијата во Кочани.

Зачлени се на нашиот е-билтен