Утре во Клуб на пратеници ќе се врти „тоа лепчето“: Мицкоски свика лидерска

лидерска

Премиерот Христијан Мицкоски свика лидерска средба за 14 јануари со цел укинување на техничката влада и деблокирање на реформските закони. Левица го потврди учеството, СДСМ одлучи да бојкотира, а ДУИ тактизира и чека директна покана.

Иницијативата на премиерот Христијан Мицкоски за свикување на лидерска средба во Клубот на пратеници претставува обид за конечно затворање на поглавјето на таканаречената „Пржинска влада“.

Овој механизам, воведен како привремено решение за надминување на политичката криза во минатото, според владејачкото мнозинство, веќе ја изгубил својата смисла и претставува пречка за функционалноста на институциите пред избори.

На средбата, покрај предлогот за укинување на техничката влада, на маса ќе бидат ставени и изборните реформи согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, како и реформите во правосудството. Тајмингот на оваа иницијатива сугерира дека Владата сака да демонстрира институционална стабилност и демократска зрелост, испраќајќи порака дека Македонија може да организира фер избори без надворешни мониторинг механизми или ад-хок технички решенија.

Од СДСМ нагласуваат дека на Мицкоски и на ВМРО им се брза со предремени избори и мигранти за пари, но факт е дека не се созреани условите во општеството за укинување на техничката влада поради криминалната власт.

Во вакви услови укинувањето на техничката влада би значело директен удар врз демократијата и загрозување на волјата на граѓаните, сметаат од опозицијата.

Техничката влада мора да остне и СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми, да го заштити изборниот процес и слободната волја на граѓаните, нагласуваат од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен