„Везилка“, домашен проект за вештачка интелигенција за дигитална независност

Везилка

Домашниот проект „Везилка“, Национален центар за вештачка интелигенција, продолжува да добива поддршка како „капитален“ за дигиталната трансформација на земјата, оценува Bloomberg Adria.

Според изворите на овој медиум и оценките на официјалнилица, Северна Македонија има квалитетен кадар и ресурси да го спроведе овој проект, за да се намали техниколошката зависност од странство.

Со „Везилка“, мали компании, институции и академски заедници би можеле да користат ВИ-технологии, што нуди перспективи за модернизација, нови работни места и иновации.

Како дел од глобалниот тренд на дигитализација, владите низ Европа и светот инвестираат во вештачка интелигенција. За Северна Македонија, ваков проект може да значи скок во технолошки капацитети, намалена зависност и потенцијал за развој, но успехот ќе зависи од континуитет, инвестирање и добро планирање, оценува Блумберг Адриа.

Носител на проектот е Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

ВЕЗИЛКА : Национална ВИ Фабрика Антена на Северна Македонија”, е избран за финансирање во рамките на иницијативата EuroHPC  и програмата Horizon Europe. Институционални поддржувачи на проектот се Министерството за дигитална трансформација (МДТ) и Владата на РСМ.  Вкупна вредност на проектот е околу 6 милиони евра ќе биде финансиран од ЕУ а кофинансиран од МДТ, Владата на РСМ и ФИНКИ. 

Зачлени се на нашиот е-билтен