Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ВИДЕО) Дерала за Индекс.мк: ВМРО е деструктивна партија, ги искористи сите механизми за блокирање и спречување на интеграцијата на земјата во ЕУ

Угледниот публицист, новинар и активист на граѓанското општество, воедно и добар познавач на политичките прилики во нашата земја, Џабир Дерала, говори за барањето на ВМРО да има Влада без Албанци, односно, без ДУИ, објави index.mk денеска.

Според него, ова барање на ВМРО во својата суштина е ултранационалистичко. Дерала смета дека за поздравување е одговорот и определбата на Демократската унија за интеграција која се откажа од функциите во владата, со единствена цел што поскоро земјата да се интегрира во Европска Унија.

Дерала вели дека СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците се на иста линија. Тој ги опиша постапките и подготвеноста на парламентарното мнозинство како државнички потег. Според него, Мицкоски сега молчи, но и дека веќе се подготвени пропагандни пораки за дефокусирање на јавноста.

Дерала е на ставот дека ВМРО е деструктивна партија, која ќе ги искористи сите механизми за блокирање и спречување на интеграцијата на земјата во ЕУ.

Извор: indeks.mk

Зачлени се на нашиот е-билтен