Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Вимание, Сергеј Попов вози пијан“ – герила акција во Скопје

На повеќе локации во Скопје осамнаа плакати и постери на кои пишува „Вимание, Сергеј Попов вози пијан“.

Оваа герила акција, според нејзините карактеристики е поттикната признанието на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на УМС, Сергеј Попов, кој призна призна дека во 2014 година возел пијан, без возачка дозвола и направил тешка сообраќајка.

По тој повод СДСМ и реагираше со прашање зошто тогаш Попов добил толку блага казна.

„Прашуваме, дали инсталациите на ДПМНЕ односно ‘системот што убива’ го заштитил Попов во тоа време? Бараме да се ревидира случајот на Попов во најкус рок. Бараме на увид на јавноста да се изнесе целиот процес и фактите за дивењето на Попов во пијана состојба. Го повикуваме Сергеј Попов да излезе пред младите и пред јавноста и да си даде оставка од позицијата пратеник и претседател на вмровската младина како минимум морален чин“, истакнаа од СДСМ во реакцијата за овој случај.

Зачлени се на нашиот е-билтен