Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Власта секој месец ветува дека ќе ги заузда, ама цените постојано растат

Властa повеќе од половина година ветува мерки за справување со ценовниот шок, популарните кошнички, а заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, денеска изјави дека инфлацијата е намалена на 3,5% и дека мерките даваат резултати. Но дали е тоа навистина така и што велат статистичките податоци.

На партиската трибина „Цените го јадат стандардот на граѓаните, има ли решение?“, тој истакна дека ценовните удари биле последица на претходните замрзнувања, поради што трговците и производителите се обиделе да ги надоместат загубите.

Пратеникот Бојан Стојаноски нагласи дека нема да се толерираат манипулации со цените и дека Законот за нефер трговски практики ќе се спроведува ригорозно.

И Премиерот Христијан Мицкоски со месеци најавува дека цените на прехранбените производи внимателно следат и дека, ако е потребно, ќе интервенираат со нивно ограничување, сепак реалноста е поинкава трошоците за живот постојано растат.

Во врска со Законот за нефер трговски практики, кој стапи на сила на 28 септември 2024 година, профитната маржа на околу 2.500 производи треба да е ограничена до 10 отсто.

И граѓаните не се согласуваат со власта, па во петокот ги бојкотираат маркетите кои неконтролирано ги зголемуваат цените, а според податоците од Управата за јавни приходи (УЈП), на денот на бојкотот, прометот во осумте поголеми синџири на маркети паднал за 46,59% во споредба со претходниот петок.

Овој пад на прометот се смета за директна последица на граѓанскиот протест, кој имаше за цел да изрази незадоволство од високите цени на прехранбените производи. Слични ефекти на пад на прометот беа забележани и во други земји каде што се организирани слични бојкоти.

Дека цените растат покажуваат и податоците од Државниот завод за статистика според кои во декември 2024 година во споредба со истиот месец од 2023 година, се зголемени за 4.4 %, а цените на мало за 4.3 %. Најголемо зголемување има во рестораните и хотелите за 9.9 %, потоа кај алкохолните пијалаци, тутунот и наркотиците за 7.6 %, но и кај облеката и обувките, транспортот, здравјето и образованието. 

Не мирува ниту инфлацијата – мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, таа изнесува 0.3 %. „Зголемувањето на инфлацијата во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 4.8 %, рекреација и култура за 1.7 %, ресторани и хотели за 0.4 %, облека и обувки за 0.2 %, разновидни стоки и услуги за 0.1 %“, посочуваат статистичките податоци. 

Зачлени се на нашиот е-билтен