Месецов ќе имаме споен викенд. Според календарот за неработни денови, 30 март, денот кога муслиманите го прославуваат празникот Рамазан Бајрам е неработен. Но, бидејќи се паѓа во недела, истиот се префрла за понеделник.
Па така, 31 март е неработен за сите граѓани на Македонија.
Во 2025 година македонските граѓани ќе имаат пет продолжени викенди. До крајот на годината, еве колку неработни денови ќе имаме.
21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
1 мај (четврток), Ден на трудот
24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
2 август (сабота), Ден на Републиката,
8 септември (понеделник), Ден на независноста,
11 октомври (сабота), Ден на народното востание,
23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,
8 декември (понеделник), „Св. Климент Охридски”.